Традиционално, Оркестарот на традиционални инструменти својот завршен концерт го одржа на отворено, на платото пред Музичката академија. На концертот настапија студентите на традиционални инструменти од класата на м-р Горанчо Ангелов, Катедрата за етнокореологија и Oдделот за џез студии. Посетителите на концертот имаа можност да уживаат во изведбата на студентите во еден несекојдневен природен амбиент. Студентите ја потврдија високата класа на Музичката академија при УГД, а со тоа и своите високи вредности и потенцијали, кои допрва ќе се реализираат на музичкиот простор во Република Македонија.