Музичко уживање со Оркестарот на традиционални инструменти на Музичката академија

Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип продолжи со претставување на постигнувањата на студентите од различни оддели и насоки на Академијата, преку завршни концерти.

Традиционално, Оркестарот на традиционални инструменти својот завршен концерт го одржа на отворено, на платото пред Музичката академија. На концертот настапија студентите на традиционални инструменти од класата на м-р Горанчо Ангелов, Катедрата за етнокореологија и Oдделот за џез студии. Посетителите на концертот имаа можност да уживаат во изведбата на студентите во еден несекојдневен природен амбиент. Студентите ја потврдија високата класа на Музичката академија при УГД, а со тоа и своите високи вредности и потенцијали, кои допрва ќе се реализираат на музичкиот простор во Република Македонија.

Последен пат изменето на Четврток, 09 Јуни 2016 15:47
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…