Дваесетина волонтери – студенти на УГД, кои ќе бидат дел од тимовите за организација на оваа програма, за настапи и презентации, раководење и одржување, започнаа со тренинзи кои ги водат активисти на „International Youth Fellowship“. Тренинзите се одвиваат на Економскиот факултет и во Мултимедијалниот центар на УГД, а пред волонтерите се презентираат традиционални корејски методи за пишување со четка, корејски традиционални облеки, корејски традиционални игри, уникатен корејски јазик за основна комуникација, манири, таеквондо, ментални вежби.