Тренинзи за волонтерите за Корејскиот камп

Во завршна фаза се подготовките за Корејскиот камп за студенти и млади луѓе, кој на 28 и 29 септември го организираат Универзитетот „Гоце Делчев“ и Глобалната младинска организација „International Youth Fellowship“.

Дваесетина волонтери – студенти на УГД, кои ќе бидат дел од тимовите за организација на оваа програма, за настапи и презентации, раководење и одржување, започнаа со тренинзи кои ги водат активисти на „International Youth Fellowship“. Тренинзите се одвиваат на Економскиот факултет и во Мултимедијалниот центар на УГД, а пред волонтерите се презентираат традиционални корејски методи за пишување со четка, корејски традиционални облеки, корејски традиционални игри, уникатен корејски јазик за основна комуникација, манири, таеквондо, ментални вежби.

Последен пат изменето на Вторник, 20 Септември 2016 13:10
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…