На манифестацијата, која ќе се одржи во Мултимедијалниот центар на УГД на 22.12.2016 година со почеток во 12 часот, со свои инспиративни говори ќе настапат: Решат Аметовски, студент на Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски“ - Скопје, Моника Налчевска, студентка на англиски јазик и книжевност на Педагошкиот факултет - Битола, Ана Јаневска, студентка на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет - Скопје, Билјана Димковска и Николина Атанасовска, студентки на постдипломски студии на ФОН при УГД - Штип, Александар Тренчевски, професор во Гимназија „Славчо Стојменски“ - Штип, Јованка Кокошкарова, учителка во ОУ „Ванчо Прке“ - Штип и Театарското студио „Гаврилов“.