Учителите го менуваат светот

Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ од четврток, 22 декември, започнува со манифестација која треба да прерасне во една убава традиција, преку која ќе ги обедини сите образовни факултети во Р.Македонија. Станува збор за инспиративни говори на студенти и учители, а мотото на манифестацијата е „Учителите го менуваат светот“.

На манифестацијата, која ќе се одржи во Мултимедијалниот центар на УГД на 22.12.2016 година со почеток во 12 часот, со свои инспиративни говори ќе настапат: Решат Аметовски, студент на Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски“ - Скопје, Моника Налчевска, студентка на англиски јазик и книжевност на Педагошкиот факултет - Битола, Ана Јаневска, студентка на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет - Скопје, Билјана Димковска и Николина Атанасовска, студентки на постдипломски студии на ФОН при УГД - Штип, Александар Тренчевски, професор во Гимназија „Славчо Стојменски“ - Штип, Јованка Кокошкарова, учителка во ОУ „Ванчо Прке“ - Штип и Театарското студио „Гаврилов“.

Последен пат изменето на Понеделник, 19 Декември 2016 15:47
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…