Испечатете ја страната
Здружената оперативна команда при АРМ го посети УГД

Претставници од Здружената оперативна команда при Армијата на Република Македонија денеска беа во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Бригадниот генерал Павле Арсовски и началниците на секции изразија благодарност за срдечниот прием во УГД и истакнаа дека ЗОК при АРМ е единица која во своите редови има најмногу високообразован кадар. Ректорот на Универзитетот им посака добредојде и истакна дека Универзитетот е отворена институција која во своите редови како придружна членка ја има и Воената aкадемија.

- Би сакал да ви изразам добредојде на Универзитетот „Гоце Делчев“ и да ви посакам пријатен престој. Се надевам дека ќе добиете одговори на сите ваши прашања и дека соработката што ја имаме со АРМ ќе ја продлабочиме уште повеќе - истакна во своето обраќање ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев.

Претставниците на Здружената оперативна команда проследија презентација за Универзитетот и сите негови можности и разгледаа дел од инфраструктурата на УГД.

Последен пат изменето на Петок, 22 Јуни 2018 08:42
Одбележен под
Share this article
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…