Бригадниот генерал Павле Арсовски и началниците на секции изразија благодарност за срдечниот прием во УГД и истакнаа дека ЗОК при АРМ е единица која во своите редови има најмногу високообразован кадар. Ректорот на Универзитетот им посака добредојде и истакна дека Универзитетот е отворена институција која во своите редови како придружна членка ја има и Воената aкадемија.
- Би сакал да ви изразам добредојде на Универзитетот „Гоце Делчев“ и да ви посакам пријатен престој. Се надевам дека ќе добиете одговори на сите ваши прашања и дека соработката што ја имаме со АРМ ќе ја продлабочиме уште повеќе - истакна во своето обраќање ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев.
Претставниците на Здружената оперативна команда проследија презентација за Универзитетот и сите негови можности и разгледаа дел од инфраструктурата на УГД.