Боев учествуваше во чествувањето пред Споменикот на ослободителите на Скопје, во дворот на Владата на РМ и положи цвеќе пред споменикот. Годинава Р. Македонија одбележа 77 години од почетокот на народното востание како почеток на патот кон слободата. Празникот, покрај во Скопје, беше одбележан и речиси во сите останати градови во Македонија, со акцент на Прилеп и Куманово, каде што пукнале првите пушки во народното востание.