Ректорот Боев на одбележувањето на 11 Октомври

Ректорот на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Блажо Боев, учествуваше во одбележувањето на 11 Октомври, Денот на антифашистичкото востание и НОВ.

Боев учествуваше во чествувањето пред Споменикот на ослободителите на Скопје, во дворот на Владата на РМ и положи цвеќе пред споменикот. Годинава Р. Македонија одбележа 77 години од почетокот на народното востание како почеток на патот кон слободата. Празникот, покрај во Скопје, беше одбележан и речиси во сите останати градови во Македонија, со акцент на Прилеп и Куманово, каде што пукнале првите пушки во народното востание.

Последен пат изменето на Петок, 12 Октомври 2018 12:51
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…