Испечатете ја страната
(Видео) Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија го посети УГД

Шефот на Mисијата на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која, денес се сретна со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Блажо Боев. Средбата имаше за цел да се продлабочи веќе воспоставената соработка меѓу двете институции и да се создадат услови за работа на нови проекти.

  • Како нов шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје ме радува што сум овде во Штип, на овој Универзитет. Како што разбрав, УГД е втор универзитет по големина во државата. Мисијата на ОБСЕ има многу проекти и програми и до сега имаме одлична соработка со Универзитетот - изјави амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која.

Ректорот на УГД посочи дека соработката со ОБСЕ е многу важна за Универзитетот и дека таа придонесува многу за развој на Универзитетот и за организирање на многу дополнителни и воннаставни активности.

  • Мислам дека е важна нашата соработка со сите амбасадори и агенции од ЕУ во Македонија. Ова е добра можност да зборуваме за нашата соработка и ОБСЕ е многу важна институција која е присутна во нашата држава. Соработката што ја имаме со оваа институција е исклучително важна за нашиот Универзитет - изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Средбата се одржа во Ректоратот на УГД, а се најави и можност за работа на заеднички проекти или пак амбасадорот на ОБСЕ и други нивни претставници да одржат предавања пред студентите на УГД.

 

Последен пат изменето на Четврток, 28 Февруари 2019 12:56
Одбележен под
Share this article
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…