Покрај одличната забава, дружењето, тимскиот дух, спортската издржливост и одличните постигнувања, тимот на УГД ја потврди свесноста за значењето на физичката активност за здравјето на жената, но и улогата на Универзитетот во промоција на истото.
На трката учествуваа над 2500 учеснички. Учеството на УГД беше иницирано и поддржано од Универзитетскиот спортски и културен центар.