Учество на УГД на Авицена женска трка

Универзитетот „Гоце Делчев“ за првпат учествува во седмата Авицена женска трка во Скопје. Трката се одржа минатиот викенд, а УГД учествуваше со тим од 20 вработени. Трката покрај промоцијата на значењето на физичката активност за жените има и хуманитарен карактер. 

Покрај одличната забава, дружењето, тимскиот дух, спортската издржливост и одличните постигнувања, тимот на УГД ја потврди свесноста за значењето на физичката активност за здравјето на жената, но и улогата на Универзитетот во промоција на истото.
На трката учествуваа над 2500 учеснички. Учеството на УГД беше иницирано и поддржано од Универзитетскиот спортски и културен центар.

Последен пат изменето на Вторник, 02 Април 2019 11:32
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…