Наставно-научните совети на 12 факултети и 3 академии спроведоа постапка за избор, по што резултатите ги сумираше Изборна комисија. Во изборот на ректор на УГД со свој глас на изборите во наставно-научните совети учествуваа и студентите со свои претставници. Со ова, Боев ќе биде на челo на Универзитетот „Гоце Делчев“ до септември 2022 година, а ова е прв избор на ректор на УГД според новиот Закон за високо образование.