Академик Блажо Боев избран за ректор на УГД

Академик Блажо Боев, редовен професор на Факултетот за природни и технички науки при УГД, е избран за ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Ова е втор мандат за проф. д-р Блажо Боев, кој и во претходните четири години го водеше Универзитетот.

Наставно-научните совети на 12 факултети и 3 академии спроведоа постапка за избор, по што резултатите ги сумираше Изборна комисија. Во изборот на ректор на УГД со свој глас на изборите во наставно-научните совети учествуваа и студентите со свои претставници. Со ова, Боев ќе биде на челo на Универзитетот „Гоце Делчев“ до септември 2022 година, а ова е прв избор на ректор на УГД според новиот Закон за високо образование.

Последен пат изменето на Четврток, 13 Јуни 2019 08:44
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…