Испечатете ја страната
Хуманитарна акција „Подари играчка“

Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“  во Штип организира хуманитарна акција „Подари играчка“.

Секој од вас може да се вклучи во оваа хуманитарна акција и да донира играчка, книга, сликовница или боенка. Донираните подароци ќе бидат наменети за дечињата од одделот Педијатрија при Клиничкиот центар во Штип.

Да бидеме хумани и да им ги разубавиме божиќните и новогодишните празници на овие дечиња.

Акцијата започнува на 23.12.2019 година (понеделник).

Играчките ќе можете да ги доставите во Кампус 4 во кутија која ќе биде поставена на влезот, веднаш пред амфитеатарот.

Последен пат изменето на Петок, 20 Декември 2019 15:26
Одбележен под
Share this article
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…