Секој од вас може да се вклучи во оваа хуманитарна акција и да донира играчка, книга, сликовница или боенка. Донираните подароци ќе бидат наменети за дечињата од одделот Педијатрија при Клиничкиот центар во Штип.
Да бидеме хумани и да им ги разубавиме божиќните и новогодишните празници на овие дечиња.
Акцијата започнува на 23.12.2019 година (понеделник).
Играчките ќе можете да ги доставите во Кампус 4 во кутија која ќе биде поставена на влезот, веднаш пред амфитеатарот.