Испечатете ја страната
УГД осум години по ред рангиран на втората позиција од сите универзитети во државата

Иако меѓу најмладите Универзитетот „Гоце Делчев“ ја задржува втората позиција во Северна Македонија на сите ранг-листи долги години наназад.

Двете големи организации кои се релевантни во областа на рангирање на универзитети се Вебометрикс и Униранк.  Овие институции вршат годишни рангирања преку кои анализираат неколку параметри на универзитетите. Параметрите се анализираат генерално преку веб присутноста на универзитетите со нивните капацитети.

Рангирањето, кое е објавено на нивната веб-страница, се прави по неколку основи и тоа присутност на интернет (големина на веб простор, зафатеност на веб од страна на институцијата и слично), влијание (надворешни мрежи и контакти, колку други институции ја поврзуваат институцијата во нивни линкови и контакти), отвореност (број на цитати од топ автори) и научност (број на научни трудови во топ 10% цитирани автори од 26 научни дисциплини).

УГД годинава е рангиран 3711 позиција на глобално ниво, а втора позиција на национално ниво, зад најстариот универзитет во државата – Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Интересно е да се спомене и тоа дека УГД е меѓу најмладите на оваа листа. Прворангираниот на оваа листа е формиран во 1949 година, второрангираниот (УГД) во 2007 година, треторангираниот е основан во 2001 година, четврторангираниот во 1994 година и петорангираниот во 1979 година.

Рангирањата се слични речиси на сите истражувања за квалитет на високото образование кои се прават од различни институции во светот. Слични резултати покажа и истражувањето на најреномираниот универзитет во областа на универзитетското рангирање, Универзитетот во Шангај, кое е едно од најстарите и е направено во 2014 година.

Последен пат изменето на Четврток, 03 Февруари 2022 11:38
Одбележен под
Share this article
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…