Двете големи организации кои се релевантни во областа на рангирање на универзитети се Вебометрикс и Униранк. Овие институции вршат годишни рангирања преку кои анализираат неколку параметри на универзитетите. Параметрите се анализираат генерално преку веб присутноста на универзитетите со нивните капацитети.
Рангирањето, кое е објавено на нивната веб-страница, се прави по неколку основи и тоа присутност на интернет (големина на веб простор, зафатеност на веб од страна на институцијата и слично), влијание (надворешни мрежи и контакти, колку други институции ја поврзуваат институцијата во нивни линкови и контакти), отвореност (број на цитати од топ автори) и научност (број на научни трудови во топ 10% цитирани автори од 26 научни дисциплини).
УГД годинава е рангиран 3711 позиција на глобално ниво, а втора позиција на национално ниво, зад најстариот универзитет во државата – Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Интересно е да се спомене и тоа дека УГД е меѓу најмладите на оваа листа. Прворангираниот на оваа листа е формиран во 1949 година, второрангираниот (УГД) во 2007 година, треторангираниот е основан во 2001 година, четврторангираниот во 1994 година и петорангираниот во 1979 година.
Рангирањата се слични речиси на сите истражувања за квалитет на високото образование кои се прават од различни институции во светот. Слични резултати покажа и истражувањето на најреномираниот универзитет во областа на универзитетското рангирање, Универзитетот во Шангај, кое е едно од најстарите и е направено во 2014 година.