Испечатете ја страната
Во чест на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев

Денот на раѓањето на македонскиот идеолог Гоце Делчев традиционално во Штип беше одбележан со полагање на цвеќе пред спомен-релјефот на Гоце, кој се наоѓа на објектот на Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Инаку, во истиот објект во Ново Село (Штипско) порано имало училиште во кое Делчев учителствувал за време на престојот во Штип. Во објектот како спомен за великанот Гоце Делчев постои и спомен-соба, во која се изложени предмети и документи поврзани со револуционерот Делчев, а  се поставени и клупите од тогашното училиште.

Годинава се навршуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев. На спомен-релјефот цвеќе положија делегации на Локалната самоуправа, институциите кои го носат неговото име... Како претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“, чест оддадоа ректорот проф. д-р Блажо Боев и проректорите проф. д-р Дејан Мираковски и проф. д-р Мишко Џидров.

Последен пат изменето на Петок, 04 Февруари 2022 13:07
Одбележен под
Share this article
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…