Инаку, во истиот објект во Ново Село (Штипско) порано имало училиште во кое Делчев учителствувал за време на престојот во Штип. Во објектот како спомен за великанот Гоце Делчев постои и спомен-соба, во која се изложени предмети и документи поврзани со револуционерот Делчев, а се поставени и клупите од тогашното училиште.
Годинава се навршуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев. На спомен-релјефот цвеќе положија делегации на Локалната самоуправа, институциите кои го носат неговото име... Како претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“, чест оддадоа ректорот проф. д-р Блажо Боев и проректорите проф. д-р Дејан Мираковски и проф. д-р Мишко Џидров.