Заедно со проф. д-р Шкариќ тие ќе обработуваат композиции од Јохан Себастијан Бах, Волфганг Амадеус Моцарт, Фредерик Шопен, Клод Дебиси, а како македонски белег во овој дел ќе бидат застапени дела од Томислав Зографски. Завршниот концерт на мастеркласот е закажан за 8 април, а на него ќе бидат изведени композициите од Зографски „Минијатури оп.11 за соло пијано“ и „Соната ин Це за две пијана оп.142“ од пијанистите Петре Штерјов и Бенжамин Думан.