Проф. д-р Милица Шкариќ ќе одржи мастерклас по пијано во Белгија

Проф. д-р Милица Шкариќ, која предава на Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, од 4 до 8 април ќе одржи мастерклас по пијано во Белгија. На мастеркласот ќе учествуваат младите пијанисти Лоранс Мот ди Фалис, Роман Декувиј, Ема Фарево, Бенжамин Думонт, а покрај нив и Петре Штерјов од Музичката академија при УГД.

Заедно со проф. д-р Шкариќ тие ќе обработуваат композиции од Јохан Себастијан Бах, Волфганг Амадеус Моцарт, Фредерик Шопен, Клод Дебиси, а како македонски белег во овој дел ќе бидат застапени дела од Томислав Зографски. Завршниот концерт на мастеркласот е закажан за 8 април, а на него ќе бидат изведени композициите од Зографски „Минијатури оп.11 за соло пијано“ и „Соната ин Це за две пијана оп.142“ од пијанистите Петре Штерјов и Бенжамин Думан.

Последен пат изменето на Петок, 01 Април 2016 10:49
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…