Испечатете ја страната
Што кажува нашиот музички вкус за нас?

Според едно ново канадско истражување, музичките вкусови кажуваат многу за нас.

Истражувањето што беше направено преку телефонски интервјуа со 1.600 испитаници од Ванкувер и Торонто вклучи прашања за односот на испитаниците кон 21 музички жанр.

Истражувањето покажа дека на посиромашните и на помалку едуцираните луѓе им се допаѓаат кантри, диско, метал, рап и стари поп хитови. За разлика од нив, побогатите и подобро едуцирани испитаници преферирале жанрови како: класика, блуз, џез, опера, поп, реге, рок и светска и театарска музика.

Освен тоа, возраста, полот и националноста исто така многу влијаеле во оформувањето на музичкиот вкус, на интересен и комплексен начин.

Последен пат изменето на Петок, 12 Февруари 2016 13:50
Share this article
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…