Истражувањето што беше направено преку телефонски интервјуа со 1.600 испитаници од Ванкувер и Торонто вклучи прашања за односот на испитаниците кон 21 музички жанр.
Истражувањето покажа дека на посиромашните и на помалку едуцираните луѓе им се допаѓаат кантри, диско, метал, рап и стари поп хитови. За разлика од нив, побогатите и подобро едуцирани испитаници преферирале жанрови како: класика, блуз, џез, опера, поп, реге, рок и светска и театарска музика.
Освен тоа, возраста, полот и националноста исто така многу влијаеле во оформувањето на музичкиот вкус, на интересен и комплексен начин.