Приказ на предметите според таг: УГД Живот
Шпаркастичната приказната на студентите од ФТБЛ продолжува!
Како продолжение на соработката меѓу Факултетот за туризам и бизнис логистика и Шпаркасе Банка АД Скопје, и доделувањето на стипендиите од Банката за најдобрите студенти, активностите продолжуваат со ангажман на нови студенти и дипломирани студенти од ФТБЛ во Банката.
(Видео) Проф. д-р Блажо Боев: За неколку години половина од студентите на УГД би требало да бидат од странство
Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ проф. д-р Блажо Боев во своето традиционално новогодишно обраќање до студентите и вработените ги истакна најголемите предизвици со кои се соочува УГД изминатите неколку години, но и идните развојни планови.
Настан на тема: „Приказна за кинеската храна“ 24.12.2021 година
Денес Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип организираше настан на тема „Приказна за кинеската храна“ кој беше поддржан од Кинеската амбасада во Скопје. Настанот се реализираше од страна на студентите на Факултетoт за туризам и бизнис логистика под менторство на доцент д-р Душица Попова.
Економскиот факултет ја одбележа Глобалната недела не претприемништво
Преку настан насловен „Биди претприемач“, Економски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ заедно со Стартап Македонија неодамна ја одбележаа Глобалната недела на претприемништвото. Настанот се организираше хибридно, односно дел од учесниците и говорниците беа онлајн, а дел со физичко присуство во свечената сала на Правниот факултет.
Студенти и професори на ТТФ учествуваа на изложбата „Волшебната чипка на балканскиот филигран“ во Санкт Петербург
На 21 ноември 2021 г. во Музејот на природата и човекот во Ханти-Мансијск, Западен Сибир, беше отворена изложбата „Волшебната чипка на балканскиот филигран“, на која се претставени предмети од фондовите на Музејот за антропологија и етнографиja „Петар Велики” (Кунсткамера) на Руската академија на науките (Санкт Петербург), како и предмети од приватни колекции од Санкт Петербург.