Генерално не искажувам незадоволство за тоа дели го направивме квалитетно образованието во изминатите неколку години, со оглед на ситуацијата. Не сме многу различни од она што го прават другите во светот во поглед на едукацијата и образованието во специфични услови. УГД благодарение на своите ИКТ добро се справува со онлајн наставата и во вакви услови дава одредено ниво на знаење. Ќе покаже времето за неколку години колку сме биле во право или не сме биле во право. Доколку успееме во 2022 година да се вратиме во предавање во објектите мислам дека ќе има време и некои содржини да е повторат и некои дупки да се пополнат, истакна ректорот на УГД оценувајќи ја 2021 година.
Она на што Универзитетот ќе се фокусира во следната година е да се нормализира наставата во пред пандемискиот период и студентите да се вратат во предавалните. Според ректорот тоа може да се очекува на пролет. Сепак еден од клучните проекти е поголемата интернационализација на УГД.
Една клучна проектна активност во текот на 2022 година е поголема интернационализација на универзитетот. Сакаме да ја активираме програмата на Општа Медицина на англиски јазик и во 2022 година ги запишеме првите студенти на таа програма. Со тоа ќе го зголемиме бројот на странски студенти на Универзитетот. Мислам дека во наредните пет до десет години, кога на УГД ќе имате 50-50 проценти странски со домашни студенти, рапидно ќе ја промени сликата на градот и регионот. Во наредните пет години УГД треба радикално да ги трансформира бројките во поглед на она што значи странски и домашни студенти, изјави меѓу другото ректорот на УГД.
Ректорот на крајот им посака и среќни празници на сите студенти и вработени и истакна дека годините кои доаѓаат ќе бидат клучни за поголем развој на Универзитетот кој веќе е поставен на добра основа. Целосното интервју погледнете го продолжение.
ВИДЕО