Приказ на предметите според таг: obrazovanie
Професорите на УГД за свети Климент - основоположникот на македонската писменост
Универзитет „Гоце Делчев” во Штип заедно со студентите и професорите од Факултетот за образовни науки и Филолошкиот факултет го организираа настанот „Образованието од Климента до денес".
- Ние имаме привилегија да бидеме едни од поддржувачите на делото и ликот на свети Климент, основоположникот на македонската и сесловенската писменост. Иако постои една огромна дистанца, свети Климент живеел и творел некаде во 11 век. Помеѓу неговото и нашето време се случувале многу работи на овие простори, меѓутоа тој уште е инспирација за нас педагозите, учителите, историчарите, теолозите... Поради тоа одлучивме наши професори од различни области кои ги имаме на ФОН, кои го проучуваат неговото дело и се поддржувачи на тие општи човекови вредности што владеат до ден-денеска, секој од свој агол да покажат како го доживуваат свети Климент. Секако, ние имаме и должност да го продолжиме неговото дело и понатаму со нашата жива материја, а тоа се студентите – изјави проф. д-р Емилија Петрова-Ѓорѓева, деканка на Факултетот за образовни науки.
Настанот започна со рецитал во чест на св. Климент - „Сонцето што нѐ чува“ на студенти од Факултет за образовни науки и Филолошки факултет при УГД, а професорите од УГД се обратија со следниве теми:
- проф. д-р Стојко Стојков – „Свети Климент – учител на многу народи“;
- проф. д-р Виолета Николовска – „Свети Климент Охридски – учител и ученик“;
- проф. д-р Снежана Мирасчиева – „Таму каде што се среќаваат традицијата и сегашноста“;
- проф. д-р Трајче Стојанов – „Етичките димензии на ликот и делото на свети Климент“;
- проф. д-р Даниела Коцева – „Црковната просветителска и преродбеничка дејност“.
УГД за свети Климент
Чепреганов: Почитувањето на законите на мајката природа може да ни го продолжи животот
„Законите на мајката природа се вткаени во нашиот секојдневен живот. Првиот се вика апоптоза, вториот хомеостаза, третиот матурација и четвртиот закон на посилниот“ - рече на предавањето организирано на УГД проф. д-р Методи Чепреганов. Предавањето беше на тема „За смислата на човековото постоење“, а за книгите на професорот Чепреганов говореше и проф. д-р Илија Џонов, кој е рецензент на најголем дел од неговите книги. Чепреганов дел од своите книги ги подари на библиотеката на Факултетот за медицински науки.
Предавање во рамките на Еразмус плус размена на наставнички кадар
Студентите од Катедрата за англиски јазик и книжевност, на 25 и на 27 октомври 2021 година, имаа можност да ги следат предавањата на тема „L2 Pronounciation: Attitudes, Needs and Reality“ и „L2 Pronounciation: Authentic Practice and Activities“ од доц. д-р Даница Јеротијевиќ-Тишма, универзитетски професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Факултетот за филологија и уметност во Крагуевац (Р Србија).
Повеќе од 30 студенти активно учествуваа во предавањата и работилницата под менторство на доц. д-р Натка Јанкова-Алаѓозовска.
Професорката Јеротијевиќ-Тишма беше гостин на Филолошкиот факултет во рамките на програмата Еразмус плус размена на наставнички кадар и оствари работна средба со деканката на Филолошкиот факултет проф. д-р Драгана Кузмановска, продеканката доц. д-р Весна Коцева и доц. д-р Натка Јанкова-Алаѓозовска. На средбата беа разменети искуства и идеи за заемна соработка и посета во рамки на програмата „Еразмус плус“.
Регионална конференција за дигитализација на високото образование
Во текот на изминатиот викенд, УГД беше домаќин на Регионална конференција на темата „Модернизација на високото образование во контекст на дигитализација“. Конференцијата беше во соработка со Western Balkans Alumni Association и во текот на нејзината реализација учесниците имаа можност да проследат предавања од двајца наши професори, проф. д-р Зоран Здравев и проректорот проф. д-р Мишко Џидров. Посебно задоволство беше и вклучувањето на Елисавета Нојковска, директорка за високо образование на Microsoft, која се придружи на едно од предавањата преку платформата Microsoft Teams.
Учесниците имаа можност да го посетат Центарот за електронско учење и да се запознаат со дигиталните алатки кои успешно се користат при УГД.
На конференцијата учествуваа над 40 учесници (студенти и професори) од Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитет „Св. Климент Охридски“ во Битола, Меѓународен славјански универзитет - Свети Николе, Универзитет Американ колеџ Скопје – УАКС, Универзитетот во Сараево – БиХ, Универзитетот во Крагуевац – Србија и Универзитетот во Валона „Исмаил Ќемали“ – Албанија.
Дополнително, на агендата беа предавања од Марија Василевска, експерт за обезбедување квалитет на високо образование, која низ дискусија со учесниците го дефинира терминот дигитализација и предавање од Еразмус + координаторот м-р Сања Максимова и претставник од НА, м-р Александар Богојевски.
Со цел успешно да се спроведе процесот на дигитализација, истиот треба да биде дефиниран како стратешка ориентација на институцијата, бидејќи само со таквата ориентација може да се придвижат конкретни активности кон квалитетно остварување на дигиталните цели. Еразмус + програмата дополнително ќе финансира и поддржува вакви проекти кои ќе им помогнат на високообразовните институции да ги имплементираат новите дигитални трендови и алатки.
Регионална конференција
Филолошкиот факултет ја одбележува Неделата на италијанскиот јазик
Во годината кога светот одбележува 700 години од смртта на Данте Алигиери, Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип даде свој придонес за достојно одбележување на големиот јубилеј.