Рената аплицираше на овогодинешниот конкурс за Еразмус плус мобилности за академската 2019/2020 година објавен од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Центарот за меѓууниверзитетска соработка при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, каде нејзиното барање за мобилност беше прифатено во Сплит, Хрватска на Aspira University College.
Мојата љубов спрема готвењето доаѓа уште кога бев мала. Всушност, и избрав да се запишам на Факултетот за туризам и бизнис логистика со цел да дознаам и научам повеќе за храната и нејзината примена. За време на моето студирање на ФТБЛ имам учествувано на многу натпревари каде што сум добила одлични награди и пофалби. Но, бидејќи секогаш постои можност за надополнување и зголемување на знаењето, одлучив да поднесам апликација за Еразмус+ мобилност, со цел исполнување на овие желби.
Го одбрав Aspira University College во Сплит, Хрватска затоа што самата програма посветува многу внимание на практичната настава и има многу добри препораки. Откако ги поднесов документите, а потоа поминав и 2 интервјуа, добив информација дека мојата апликација е одобрена и ќе можам да заминам на Еразмус+ мобилност во времетраење од 3 месеци.
На 24.02.2020 во Aspira University College го започнав првиот ден од новиот семестар. Таму се запознав со нови пријатели со кој веднаш разменивме контакти и почнавме да се дружиме. Ме воодушеви нивната организациија на целиот факултет, а особено без здив ме остави кујната. Бевме поделени во групи и секоја група си имаше свој ментор односно Шеф на кујна. Секој ден кога имавме практикум за во кујна имавме свежи и доста квалитетни намирници, каде со нив вежбавме и учевме нови работи кои за мене беа сосема непознати и нови. Овдека мислам на морската храна, каде имав можност да работам според далматински традиционални рецепти за кои морам да кажам дека бев премногу среќна и возбудена. Како поминуваа деновите, секој нареден ден бев се по горда на себе што учам многу нови нешта, кои понатаму ќе можам да ги споделам со моите колегите од ФТБЛ.
Сплит е град со посебна убавина во себе која ме привлече да го посетам со прекрасните стари градби кои се доста зачувани и понатаму продолжуваат да се негуваат и со самата љубезност и учтивост од лугето кои ме прифатија. Имав можност да го запознаам градот кој во душата ти носи посебна возбуда, спокој и мир, особено кога шеташ покрај Рива и имаш можност едноставно се опушташ и уживаш во убавините на морето и самиот град.
Поради новонастаната состојба со COVID-19, Рената Трајчевска ја продолжи својата Еразмус+ мобилност следејќи ја наставата онлајн.