Приказ на предметите според таг: obrazovanie
(Видео) Откриено најстарото археолошко наоѓалиште во Македонија
Штипските археолози, предводени од професори на УГД, преку проект чиј носител е Универзитетот „Гоце Делчев“, а финансиран како капитален од страна на Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија, открија досега најстаро археолошко наоѓалиште во Македонија, на локацијата Узун Мери помеѓу селата Мустафино и Ерџелија, Светиниколско, кое датира од старо камено време, кога во период меѓу 300 илјади и 40 илјади години пред нашата ера на таа територија живееле луѓе од видот неандерталци. Ова на прес-конференција го објави проф. д-р Трајче Нацев, професор на насоката Археологија на Факултетот за образовни науки при УГД.
(Видео) Студентите на УГД ќе можат да одат на размена на нови 116 универзитети во Европа
Центарот за меѓууниверзитетска соработка на УГД годинава воспостави нови 116 соработки со универзитети од цела Европа. Ова претставува поголема можност за студентите на УГД да заминат на Еразмус размена или на друг вид на размена во универзитети. Со ова им се зголемуваат можностите за избор на студентите, а и на вработените од УГД со цел да се зголеми и можноста за научни истражувања.
Најава за соработка меѓу ФОН и Педагошкиот факултет во Љубљана
Деканката на Факултетот за образовни науки (ФОН) при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Соња Петровска, оствари средба со деканот на Педагошкиот факултет на Универзитетот во Љубљана, Словенија, проф. д-р Јанез Вогринц.
УГД и Универзитетот „Мајка Тереза“ потпишаа Договор за соработка
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје ќе остварат блиска соработка во образовната и научноистражувачката дејност. Ректорите на двата универзитета, проф. д-р Блажо Боев и проф. д-р Азис Положани, потпишаа Договор за соработка, според кој соработката ќе се одвива во повеќе области.
УГД претставен на Интернационалната Еразмус + недела на Универзитетот во Грац
Центарот за меѓууниверзитетска соработка при УГД во изминатиот период присуствуваше на Интернационалната недела на Универзитетот „Карл-Франценс“ во Грац, Австрија. На Интернационалната недела присуствуваа претставници од 26 универзитети во Европа, каде што ги разменија своите искуства и добри практики. Главен фокус на дискусија беше Еразмус + програмата, како и подобрувањето на квалитетот во спроведувањето на Еразмус + мобилностите.