УГД претставен на Интернационалната Еразмус + недела на Универзитетот во Грац

Центарот за меѓууниверзитетска соработка при УГД во изминатиот период присуствуваше на Интернационалната недела на Универзитетот „Карл-Франценс“ во Грац, Австрија. На Интернационалната недела присуствуваа претставници од 26 универзитети во Европа, каде што ги разменија своите искуства и добри практики. Главен фокус на дискусија беше Еразмус + програмата, како и подобрувањето на квалитетот во спроведувањето на Еразмус + мобилностите.

УГД воедно имаше можност пред присутните да биде презентиран како добра практика во спроведувањето на Еразмус + проектите и имаше можност да ја презентира работата на Центарот за меѓууниверзитетска соработка.

На Интернационалната недела присуствуваше Еразмус + координаторот Сања Стефанова, која преку својата презентација ја истакна важноста на Еразмус + програмата и начинот на кој УГД ја спроведува.

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…