Приказ на предметите според таг: obrazovanie
Научна трибина „Да се биде учител...“
Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип го одбележа Денот на учителите – 5 октомври, со организирање на Научно-стручна трибина. Ваква трибина се организира по петти пат, а годинава темата е „Да се биде учител...“
Предавање и промоција на книга од проф. д-р Јурка Лепичник-Водопивец
Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во понеделник (9 октомври) преку две активности ќе има можност да биде домаќин на реномираната професорка Јурка Лепичник-Водопивец од Педагошкиот факултет на Приморскиот универзитет во Копер, Република Словенија.
УГД и Универзитетот „Св. Иван Рилски“ ќе работат на европски проекти
„Времето што следува ќе покаже дека соработката што ја воспоставуваме со Универзитетот за рударство и геологија ‛Св. Иван Рилски‛ во Софија ќе добие во својот интензитет и важност, пред сѐ, во заедничките проектни активности што ќе следуваат во европските образовни програми во Европската Унија и мислам дека колегите од овој универзитет ќе ни помогнат како универзитет поинтензивно да се вклучиме во овие европски проекти и европски соработки, бидејќи ние не смееме да заборавиме дека Р. Бугарија е членка на ЕУ и мислам дека тоа е важен момент во нашето интегрирање во Европската Унија“. Ова го изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, при потпишувањето на Договорот за соработка помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот за рударство и геологија „Св. Иван Рилски“ во Софија, Бугарија.
Проф. д-р Блажо Боев: Подготвени сме за новите студенти!
Во понеделник, 14 август, започнува првиот уписен рок за запишување на студенти во прва година на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, за академската 2017/2018 година. Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев на прес-конференција изјави дека Универзитетот е подготвен за новите студенти:
ЗОШТО УГД?!
Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е вториот по големина и најбрзорастечкиот универзитет во Република Македонија. Универзитетот е основан на 27 март 2007 година.