Се одржа промотивен настан во рамките на Проектот „Жан Моне“ – „ЕУ е-здравствено право и Северна Македонија: од тековна пракса до имплементација". Настанот се реализираше хибридно во просториите на Правниот факултет и преку MS Teams, a го отвори проректорот за настава проф. д-р Мишко Џидров.
На настанот се промовираа проектната идеја, целите, активностите и досегашните истражувања од членовите на проектниот тим: проф. д-р Кристина Мишева и проф. д-р Марија Амовска од Правниот факултет, проф. д-р Андреј Петров од Факултет за медицински науки и м-р Ристе Тимовски. Воедно им беа доделени сертификати на учесниците на курсот: ЕУ е- здравствено право, ИКТ и Биоетика за академската 2020/2021 година.