Задоволство од потпишувањето на Договорот изрази и ректорот на Универзитетот „Св. Иван Рилски“, проф. д-р Љубен Тотев, кој рече дека соработката нема да биде ограничена само на Факултетот за природни и технички науки (Рударско-геолошки).
- Ние можеме да работиме во сите области со кои имаме допирни точки, бидејќи кај нас имаме екологија, економија и управување, така што можеме да се најдеме во многу области во кои можеме да работиме. Така и се договоривме со ректорот Боев, и започнуваме интензивно да работиме. Моите очекувања се многу бргу да започнеме со заеднички европски проекти. На нашиот универзитет веќе има тројца студенти од УГД преку програмата Еразмус плус и тоа е само почеток, следно е да има наши студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“. Со ректорот Боев ќе работиме во насока да правиме размена не само на студенти, туку и на професори. Има на што да работиме во иднина и сметам дека намерата на обајцата е многу поинтензивна работа – изјави проф. д-р Љубен Тотев.
- Станува збор за еден навистина добар универзитет, кој не е само од областа на рударството и геологијата, туку и други на него комплементарни науки, во делот на машинството, електроенергетиката, екологијата... Јас само ќе споменам дека со ректорот Тотев разговаравме и за некои други форми на образовна соработка во овие делови на Европа, кои се комплементарни со она што значи Европска Унија во делот на образованието и мислам дека некои од тие иницијативи ќе бидат дадени од страна на колегите од Бугарија, пред сѐ од ректорот Тотев во органите на ЕУ, бидејќи тие се членки таму и можат да покренуваат многу инцијативи кои за нас се важни во делот на нашето интегративно приближување кон ЕУ. Јас уште еднаш им благодарам за интересот што го пројавија ректорот Тотев и Универзитетот „Св. Иван Рилски“ и мислам дека оваа соработка ќе вроди со плод и ќе биде успешна – изјави ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Блажо Боев.