И во 2021 година, Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, како и професорот Рубин Гулабоски од Факултетот за медицински науки, се рангирани во највлијателните 2% научници на светско ниво од сите научни области на сите времиња. Во октомври годинава е објавена најшироката студија за рангирање на топ 2% најдобри светски научници и универзитети од сите области, од авторите Jeroen Baas, Kevin Boyack, и John P.A. Ioannidis од Stanford University USA.
И оваа година, исто како и минатата, на кумулативната листа за најдобри топ 2% научници на сите времиња (од сите области) се рангирани Љупчо Коцарев (МАНУ), Леонид Грчев (МАНУ) Валентин Мирчески (Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје), Рубин Гулабоски (Факултет за медицински науки, УГД - Штип) и двајца пензионирани професори, Трајче Стафилов (Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје) и Иван Грозданов (Институт за хемија, ПМФ, Скопје), како и починатиот академик Ратко Јанев.
Покрај тоа, за календарската 2020 година (рангирани во изданието во 2021 година), во топ 2% највлијателни светски научници од Македонија се рангирани: Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Рубин Гулабоски, Рамадани Веланд (Универзитет на Југоисточна Европа - Тетово), Кимет Јусуфи (Државен Универзитет - Тетово), Биљана Бауер (УКИМ Скопје) и Биљана Ристеска-Стојкоска (ФИНКИ, УКИМ, Скопје).
Ова е голем успех за македонската наука, знаејќи дека досега не се издвојуваа ни минимални средства за наука. Посебно е важно што петмина од македонските рангирани најдобри научници во топ 2% највлијателни научници за календарската 2020 година се во категоријата помлади од 50 години, што дава надеж за развојот на науката во Македонија.
На следниот линк се наоѓа базата на податоци и публикацијата, каде што во Еxcel формат се сите податоци.