„Се одлучив мојот четврти семестар да го слушам во странство преку програмата Еразмус плус. Заедно со колегата Александар Неделековски одлучивме да аплицираме на факултетот „Escola Superior de Hotelaria e Turismo do Estoril" во Португалија. Апликацијата беше успешна и бевме примени на факултетот. Нашата приказна започна на 8 февруари 2019 година.
На 11 февруари почнавме на факултет и првите денови ги поминавме во средување на нашиот распоред според предметите што ги одбравме. Колегите од тој факултет беа многу гостопримливи и ни помогнаа околу тоа.
Факултетот беше одлично организиран, имаше големи кујни каде што некои предмети ги изучувавме практично, но исто така имаше и посебни предавални за предметите кои ни беа теорија. Некои од предметите ги слушавме на англиски јазик, а некои на португалски, но сите предмети ги полагавме на англиски јазик.
На овој факултет стекнав многу убави искуства и знаења коишто ќе ги памтам засекогаш.
Го препорачувам овој факултет на секој што е запишан на Факултетот за туризам и бизнис логистика и планира еден семестар да помине во странство преку програмата Еразмус плус.
Португалија има многу да понуди, од преубавиот Лисабон кој е само на 20 минути со воз, до преубавите долги песочни плажи, островите Азорес, регионот Алгарве, исто така и преубавите шуми и замоци во преубавата Синтра“.