Приказ на предметите според таг: obrazovanie
Близу 1.700 кандидати во првиот уписен рок на УГД – 25 и 26 август втор уписен рок
Интересот за студирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ е според очекувањата. Близу 1.700 кандидати се пријавиле само во првиот уписен рок, што претставува одличен показател дека УГД е главен избор на голем број средношколци во државата.
Соработка со Врховниот суд на РМ и отворени Деновите на симулирано судење
Универзитетот „Гоце Делчев“ и Врховниот суд на Република Македонија потпишаа Меморандум за соработка преку кој ќе остваруваат заеднички активности.
Повик за студентски научни трудови
Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип го објавува повикот за доставување на трудови за вториот број на списанието „Student’s Social Science Journal“, наменет за студентите запишани на прв, втор и трет циклус студии. Списанието е од областа на правните, политичките и социолошките науки и во него може да се објавуваат стручни и научни ракописи.
УГД воспоставува соработка со кинески универзитети и институти
Делегација од Универзитетот „Гоце Делчев“ неодамна присуствуваше на третата лидерска средба на лидери од Кина, од Централна и од Источна Европа. На оваа средба лидерите од овие делови на светот договараа меѓусебни соработки и проекти. Средбата се одржа во Тангшан, провинција Хабеи (Кина), а УГД беше претставен од проректорот за настава доц. д-р Кирил Барбареев и генералниот секретар на УГД м-р Ристо Костуранов.
(Видео) Професори од Турција одржаа предавање и концерт на Музичката академија
Двајца професори од Турција во рамките на програмата Еразмус плус одржаа концерт и серија предавања пред студентите на Музичката академија. Станува збор за професори од Универзитетот во Нигде, Турција.