- Овој Меморандум го цениме како еден многу значаен чекор во понатамошното продлабочување на знаењето на студентите и идните професионалци во правната наука. Врховниот суд на РМ ја препознава симбиозата меѓу правната наука и правната пракса, па токму затоа со искрено задоволство го потпишав овој Меморандум со надеж дека учеството на судиите од Врховниот суд ќе придонесе за разбирањето на законот од страна на студентите истакна претседателката на врховниот суд Лидија Неделковска.
Ректорот на Универзитетот проф. д-р Блажо Боев истакна дека оваа соработка ќе значи зголемување на квалитетот на образованието на студентите, а особено на студентите на Правниот факултет.
- Темелна наша определба е зголемување на квалитетот на образование на студентите. Овој Меморандум е студентите да добијат можност и алатка да бидат присутни во највисоките судски органи, а од друга страна да дојдат судии од Врховниот суд и да им го пренесат знаењето на нашите студенти со цел тие да добијат квалитетно образование истакна ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.
По потпишувањето на Меморандумот за соработка претставниците од Врховниот суд свечено ги отворија Деновите на симулирано судење на кои присуствуваа голем број студенти од сите правни факултети во државата. Деновите на симулирано судење имаат натпреварувачки карактер и судиите од Врховниот суд во овој случај ќе се јават како судии за тоа кој студентски тим поминал најдобро во симулацијата на судењата кои ќе се одвиваат во судницата на Правниот факултет.