Приказ на предметите според таг: УГД Живот

Новинарска делегација од Регионалниот центар на новинари „Исток“ во Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип му го врачи признанието за најдоброто во науката на академик проф. д-р Блажо Боев, ректор на УГД. Регионалниот центар беше претставен од претседателот Тони Михаилов и членовите Игор Стојанов, Александар Максимов и Иван Бојаџиски.

Објавено во УГД Живот

Компанијата „HFour“ која одржа своја работилница на Факултетот за информатика при УГД ги едуцираше студентите за областа на онлајн безбедноста и постави предизвик преку кој сака да ги пронајде најквалитетните студенти.

Објавено во УГД Живот

Факултетот за туризам и бизнис логистика по единаесетти пат успешно ја организираше традиционалната Туристичко-гастрономска изложба на алтернативни форми за развој на туризмот. Годинава изложбата се одржа во просториите на Наставниот центар на УГД во Гевгелија, а истовремено беше организиран и отворен ден за средношколците и за граѓаните на Гевгелија и регионот.

Објавено во УГД Живот

Професор д-р Васо Талески од Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип е еден од четирите добитници на највисокото професионално признание што го доделува Македонското лекарско друштво, Повелбата „Д-р Трифун Пановски“.

Објавено во УГД Живот

Правниот факултет при УГД преку својата неодамна формирана мрежа со средните училишта во Македонија организираше симпозиум на тема „Мрежата за демократија и владеење на право преку образование“. 

Објавено во УГД Живот
Страница 40 од 144
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…