Приказ на предметите според таг: УГД Живот
Студенти од ФТБЛ освоија пехар и медали на Меѓународен гастро-туристички фестивал
Студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика кои учествуваа на Меѓународниот гастро-туристички фестивал во Ниш, Република Србија, освоија 8 златни, 4 сребрени и 3 бронзени медали.
Боев со втор ректорски мандат: Квалитетот на наставата останува приоритет број еден
Подигнување на квалитетот во образованието ќе биде приоритет и во вториот мандат како ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на академик проф. д-р Блажо Боев.
Професори и соработници од ФТБЛ учествуваа на конференција за развој на туризмот во Србија
Деканот на ФТБЛ, проф. д-р Никола Димитров и професорите д-р Златко Јаковлев, д-р Цане Котески, д-р Билјана Петревска, д-р Марија Магдинчева-Шопова, д-р Снежана Бардарова, д-р Владимир Китанов и асистент м-р Цветанка Ристова од 30 мај до 1 јуни 2019 г. учествуваа на Меѓународна научна конференција „TOURISM IN FUNCTION OF DEVELOPMENT OF THE REPUBLIC OF SERBIA - Tourismas a Generator of Employment” во Врњачка Бања, Република Србија. На конференцијата факултетот се претстави со неколку научни трудови и постер презентации.
Академик Блажо Боев избран за ректор на УГД
Академик Блажо Боев, редовен професор на Факултетот за природни и технички науки при УГД, е избран за ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Ова е втор мандат за проф. д-р Блажо Боев, кој и во претходните четири години го водеше Универзитетот.
Семинар во Рим на тема „Европската Унија и решавањето на грчко-македонскиот спор“
Институтот за меѓународни правни студии при Националниот истражувачки центар во Рим (Istituto Studi Giuridici Internazionali – CNR) во соработка со Правниот факултет при УГД - Штип одржа еднодневен семинар на тема „Европската Унија и решавањето на грчко-македонскиот спор, помеѓу нормативни принципи и двојни стандарди“ (L’Unione Europea e la soluzione della disputa greco-macedone: tra principi normativi e doppi standard).