(Видео) Симпозиум на Правен факултет: Правните предмети се недоволно застапени во средното образование

Правниот факултет при УГД преку својата неодамна формирана мрежа со средните училишта во Македонија организираше симпозиум на тема „Мрежата за демократија и владеење на право преку образование“. 

- Тоа што го констатиравме на минатиот состанок со мрежата што ја формиравме беа, меѓу другото, и проблемите кои се однесуваат на недоволната застапеност на правните предмети во гимназиите и во средните стручни училишта, пред сѐ економските. Тука е и недоволната застапеност или распределеност на предметите кои припаѓаат во општествените науки. Тоа предизвикува и недоволен интерес на учениците кон овој тип на образование. Исто така, она што мрежата има за цел е да бидат повеќе застапени во постоечките предмети темите кои се однесуваат на демократијата, владеењето на правото и на човековите права. Средното образование е местото каде што државата ги образова и креира нашите идни граѓани - изјави деканот на Правниот факултет, проф. д-р Јован Ананиев.

Настанот се одржи во Правниот факултет при УГД, а беа присутни претставници на средни училишта од целиот регион.

Видео

Последен пат изменето на Среда, 03 Април 2019 15:04
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…