Приказ на предметите според таг: УГД Живот
Започна првиот уписен рок на УГД
Започна трката за индекс на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип со пријавување на кандидатите во првиот уписен рок, кој се реализира од денеска (14 август) до среда (16 август).
Ректорот Боев на одбележувањето на Илинден во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце
Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Блажо Боев учествуваше во одбележувањето на Денот на Републиката, 2. Август, Илинден.
УГД домаќин на голем европски проект во спортот
Пет европски земји Австрија, Исланд, Естонија, Бугарија и Македонија ќе бидат дел од работилница која ќе се организира на 27 и 28 септември во Штип како дел од проектот Te(a)chIn Sport од програмата Еразмус+. Во рамките на работилницата ќе бидат презентирани искуствата од земјите учесници во проектот за волонтерството во спортот, вклучување на студентите во спортски активности и настани.
(Видео) УГД подготвен за уписите
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип е подготвен за уписите во академската 2017/2018 година, во која според Конкурсот има вкупно 5 212 слободни места за студирање, од кои 3 218 за редовно студирање во државна квота, 1 079 редовно студирање во квотата со кофинансирање и 915 места за вонредно студирање.
УГД дел од Интернационалната Еразмус плус недела на Политехнички универзитет во Мадрид
Центарот за меѓууниверзитетска соработка при УГД и Центарот за обезбедување со квалитет кон крајот на јуни беа дел од четиринаесеттата по ред Интернационална недела на Политехничкиот универзитет во Мадрид, Шпанија. На Интернационалната недела присуствуваа претставници од 40 универзитети во Европа, како и престижни универзитети во Кина и во Индија. Беа разменети искуства и добри практики. Главен фокус на дискусија беше програмата Еразмус плус, како и подобрувањето на квалитетот во спроведувањето на Еразмус плус мобилностите.