Претставниците на УГД имаа можност пред присутните да го промовираат Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип како млад и надежен универзитет во Македонија кој доста добро работи на спроведувањето на Еразмус плус проектите и Еразмус плус мобилноста на нашите студенти.
На Интернационалната недела присуствуваа Еразмус плус координаторот Сања Стефанова и Дијана Насева од Центарот за обезбедување со квалитет, кои преку свои презентации ја истакнаа важноста на Еразмус плус програмата за вмрежувањето на УГД во мрежата на факултети низ Европа, важноста на мобилноста на студентите и вработените како дел од начинот за покренување на квалитетот во работата на оваа високообразовна институција.