Приказ на предметите според таг: УГД Живот
УГД дел од Еразмус проект „Te(a)chIn Sport“ во Унгарија
Во периодот од 11 до 14 јули 2017 година во Созомбатли, Унгарија, ќе се одржи третиот по ред состанок на работната група која е дел од Еразмус плус проектот „Te(a)chIn Sport“ во кој како партнер учествува Универзитетот „Гоце Делчев“, односно Универзитетскиот спортски центар. Проректорот за настава проф. д-р Кирил Барбареев и раководителот на Универзитетски спортски центар проф. д-р Билјана Попеска ќе го претставуваат Универзитетот во Унгарија.
ФПТН со награда за постер презентација на Меѓународна конференција за животна средина
Професори од ФПТН учествуваа на Меѓународна конференција за животна средина „ENVIRONMENTAL ENGINEERING AND SUSTAINABLE DEVELOPMENT“ организирана од страна на Балканското здружение за животна средина (Balkan Environmental Association – BEnA), која се одржа во Романија во градот Алба Јулиа во периодот од 25 до 27 мај 2017 година.
Ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев во посета на Хрватската академија на науките и уметностите
Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Блажо Боев, престојува во посета на Хрватската академија на науките и уметностите (ХАЗУ).
(Видео) Факултетот за безбедност се запозна со работата на центрите на УГД
Деканот на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Никола Дујовски, и продеканите проф. д-р Наташа Пеливанова и доц. д-р Марјан Ѓуровски го посетија Универзитетот „Гоце Делчев“, при што се запознаа со работењето на повеќе оддели и единици на УГД.
УГД со иновативни технологии ќе ги мотивира студентите да спортуваат
Дел од активностите во проектот опфаќаат креирање на наставна програма за студенти кои активно не се занимаваат со спорт и нивно мотивирање за физичка активност преку користење на мобилни апликации и иновативни технологии.