УГД дел од Еразмус проект „Te(a)chIn Sport“ во Унгарија

Во периодот од 11 до 14 јули 2017 година во Созомбатли, Унгарија, ќе се одржи третиот по ред состанок на работната група која е дел од Еразмус плус проектот „Te(a)chIn Sport“ во кој како партнер учествува Универзитетот „Гоце Делчев“, односно Универзитетскиот спортски центар. Проректорот за настава проф. д-р Кирил Барбареев и раководителот на Универзитетски спортски центар проф. д-р Билјана Попеска ќе го претставуваат Универзитетот во Унгарија.

Покрај бројните активности, главниот акцент на состанокот ќе биде подготовка на работилници кои имаат за цел промоција на волонтерството во спортот, организација на спортски настани за студенти и активно вклучување на студентите во спортските настани како учесници или волонтери. Проектот предвидува пет различни работилници, од кои првата ќе се одржи во Штип, во текот на септември, во организација на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Сите студенти заинтересирани за волонтирање во спортот се поканети да се вклучат во активностите кои следат и да дадат свој придонес во промоцијата на спортот, здравиот и активен начин на живот.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…