ФПТН со награда за постер презентација на Меѓународна конференција за животна средина

Професори од ФПТН учествуваа на Меѓународна конференција за животна средина „ENVIRONMENTAL ENGINEERING AND SUSTAINABLE DEVELOPMENT“ организирана од страна на Балканското здружение за животна средина (Balkan Environmental Association – BEnA), која се одржа во Романија во градот Алба Јулиа во периодот од 25 до 27 мај 2017 година.

На конференцијата со свои трудови учествуваа доц. д-р Марија Хаџи-Николова и доц. д-р Афродита Зенделска од Факултетот за природни и технички науки. Доц. д-р Марија Хаџи-Николова имаше постер презентација на трудот со наслов „Environmental Noise Reduction Measures in Cement industry: Usje Cement Plant Case Study“ од авторите  доц. д-р Марија Хаџи-Николова, проф. д-р Дејан Мираковски, проф. д-р Николинка Донева, д-р Наташа Бакреска-Кормушоска и м-р Андреј Кепески, додека доц. д-р Афродита Зенделска се претстави со постер презентација на трудот „Zeolite bearing tuffas an adsorbent for heavy metals removal from aqueous solutions and acid mine drainage“ од авторите доц. д-р Афродита Зенделска, проф. д-р Мирјана Голомеова, проф. д-р Благој Голомеов и проф. д-р Борис Крстев. На конференцијата имаше учесници од универзитетите во: Романија, Бугарија, Албанија, Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Турција, Грција и Италија. Постерот за трудот „Environmental Noise Reduction Measures in Cement industry: Usje Cement Plant Case Study“ освои трета награда во конкуренција од 110 постери.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…