Приказ на предметите според таг: nauka
Што е „Stargazing“?
Гледањето во ѕвездите и нивното проучување било популарно од многу одамна меѓу луѓето. За да ги набљудуваме ѕвездите ни е потребно одредено знаење, како и одредена опрема.
Врската помеѓу мозокот и имунолошкиот систем
Тим на истражувачи од Универзитетот во Вирџинија објави труд за врската помеѓу нервниот и имунолошкиот систем.
Истражувањето што е објавено во престижното списание „Натур” кон почетокот на јуни 2015 година може во целост да го промени начинот на којшто гледаме на невролошките и автоимуните болести.
Мравки во вселената
Експериментот со фармата од мравки во Меѓународната вселенска станица покажа дека мравките се снаоѓаат и во вселената.
Мравките кои се дел од експериментот покажаа дека и покрај услови на микрогравитација, тие и понатаму успеваат да ги решат своите задачи со помош на тимска работа.
Холандија ги направи најголемите бранови во светот
Холандија направи уред кој е во состојба да ги произведе најголемите бранови во светот. Целта на овој уред е да се тестира издржливоста на различни видови насипи кои се користат како заштита од бранови и бури.
Кој е Џон Стујарт Мил?
Во следниот серијал од аудио емисии посетителите на „УГД ЛАЈФ“ ќе ги запознаеме со најзначајните научници во светот. Во оваа прва емисија ве запознаваме со големиот британски филозоф, политички економист и научник Џон Стујарт Мил.