Приказ на предметите според таг: nauka
Доцент и асистент-докторанд од УГД публикуваа значајно теоретско решение за деактивацијата на редокс ензимите
Во текот на февруари 2019 година, доцент д-р Викторија Максимова и асистент-докторанд м-р Милкица Јанева од Факултетот за медицински науки при УГД - Штип во едно од најреномираните списанија за електрохемија, „Electroanalysis“, публикуваа теоретски труд каде што даваат релевантни објаснувања за процесите на деактивација на т.н. редокс ензими.
Проф. д-р Ленче Милошева учествуваше на работилница на EUA-CDE
Проф. д-р Ленче Милошева, советник на ректорот на УГД за наука и научна соработка, од 16 до 19 јануари годинава престојуваше на тематски воркшоп во Амстердам, Холандија.
Професор на УГД публикува теоретско решение за еден од најкомплексните феномени во областа на електрохемиските протеински реакции
Научен труд на проф. д-р Рубин Гулабоски, декан на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, е објавен во едно од најреномираните научни списанија од областа на електрохемијата Electroanalysis.
(Видео) Пристапно предавање на проф. д-р Блажо Боев во МАНУ
Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Блажо Боев одржа пристапно предавање во МАНУ по повод неговиот избор за дописен член на МАНУ. Темата на пристапното предавање беше „АЛШАР – нови форми на живот“. Академик Боев се осврна на научните истражувања што тој со својот тим истражувачи подолг период ги работи на локалитетот Алшар.
Пристапно предавање на проф. д-р Блажо Боев во МАНУ
Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип проф. д-р Блажо Боев во среда, 14 ноември 2018 година, ќе има пристапно предавање во МАНУ по повод неговиот избор за дописен член на МАНУ.