Приказ на предметите според таг: nauka
Експертите од Западен Балкан на конференција за заштитата на животната средина
На Земјоделскиот факултет при УГД се одржа Интернационалната конференцијата „1st SCIENTIFIC CONFERENCE FOR CRITICAL ENVIRONMENTAL ISSUES OF THE WESTERN BALKAN COUNTRIES”. Конференцијата се одржува во склоп на научен проект финансиран од WBAA и обединува научни експерти и студенти од земјите на Западен Балкан.
Повик за трудови за „Student`s Social Science Journal”
Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип го објавува Повикот за доставување на трудови за осмиот број на списанието „Student’s Social Science Journal“ за студентите запишани на прв, втор и трет циклус студии.
Професорките Милошева и Рихтер на 19. Светскиот конгрес на психијатрија
Проф. д-р Ленче Милошева и проф. д-р Кнегиња Рихтер учествуваа со свои научни трудови на 19. Светски конгрес на психијатрија во организација на Светската психијатриска асоцијација.
Проект „Биоотпад“ – се подготвува поставувањето на компостерски единици во Пробиштип
Проектот „Биоотпад“, во кој заедно со странски партнери Универзитетот „Гоце Делчев“ и Општината Пробиштип од македонска страна работат на подобрување во третирањето на отпадот, влегува во фаза која значи практична реализација на зацртаните цели. Тоа значи дека до ноември 2019 година во Пробиштип ќе бидат инсталирани компостерски единици и ќе може отпадот да се селектира, сепарира и обработува и од него да се добива органско ѓубриво.
Годишна конференција на Советот за докторско образование на Европската асоцијација на универзитети
Од 12 до 14 јуни 2019 год. на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Бреша, Италија, проф. д-р Ленче Милошева учествуваше на Годишната конференција на Советот за докторско образование на Европската асоцијација на универзитети.