Професорките Милошева и Рихтер на 19. Светскиот конгрес на психијатрија

Проф. д-р Ленче Милошева и проф. д-р Кнегиња Рихтер учествуваа со свои научни трудови на 19. Светски конгрес на психијатрија во организација на Светската психијатриска асоцијација.

Учеството на професорките од Факултетот за медицински науки е континуитет на долгогодишната академска научна соработка помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и Универзитетската клиника за психијатрија и психотерапија, Приватен медицински универзитет Парацелзиус, Нирнберг, Германија.

Конгресот се одржа од 21 до 24 август 2019 година во Лисабон, Португалија.

Проф. д-р Милошева е актуелен советник за наука и научна соработка на ректорот, а соработката беше воспоставена во 2008 година, кога таа беше проректор за настава на УГД преку проект на ДААД.

Покрај многуте размени на студенти од Факултетот за медицински науки при УГД во Нирнберг, во изминатите години исто така професори и асистенти од ФМН благодарение на оваа соработка имаа можност да престојуваат во Нирнберг.

Соработката продолжува понатаму, а покрај многуте научни трудови од областите на психијатријата, проф. Милошева и проф. Рихтер во последните месеци објавија поглавја во две научни книги објавени од реномираните издавачи Спрингер и Фронтиерс.

Линковите за научните книги се подолу:

DOI: 10.1007/978-3-030-13550-8_8

DOI 10.3389/978-2-88945-896-7

Последен пат изменето на Петок, 06 Септември 2019 14:38
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…